Home > Privacy

Privacy

HTML Source EditorWord wrap

Data Protection

Лични податоци

Во Adam Opel и General Motors Holdings LLC (Michigan, USA) посветуваме огромно внимание на заштитата на Вашата приватност и на заштитата на Вашите лични податоци. Затоа би сакале да Ве известиме како постапуваме и како се грижиме да ги заштитиме Вашите лични податоци.
Сите податоци коишто се прибираат при посетата на корисниците на веб-страницата на Adam Opel ќе се третираат доверливо во согласност со важечките одредби од важечкиот закон за заштита на податоците.

При посета на веб-страницата од страна на некој корисник, Adam Opel и General Motors Holdings LLC стандардно ги евидентираат датумот и времетраењето на посетата, името на давателот на интернет услугата што ја користи корисникот и веб-локацијата од којашто корисникот пристапил до локацијата на Adam Opel. Adam Opel и General Motors Holdings LLC ги прибираат овие податоци анонимно и ги анализираат податоците статистички за да дознаат колку е привлечна нивната веб-локација и за постојано да ги подобруваат содржините.

Личните податоци прибрани на веб-локацијата на Adam Opel се евидентираат и обработуваат од страна на Adam Opel и General Motors Holdings LLC (Michigan, USA) исклучиво за административни цели во врска со сметката на корисникот, за пренесување информации за производите и давање понуди, и во зависност од случајот, се пренесуваат до компаниите од групацијата Opel и до дилерите на Opel.

Обработката на Вашите податоци ќе се врши надвор од Европската економска област и ќе се спроведе во согласност со позитивните закони. Adam Opel и General Motors Holdings LLC ќе ги преземат сите мерки за да ги заштитат податоците. Adam Opel нема да ги продава личните податоци на трети лица ниту на друг начин ќе ги пласира. Корисникот може, во секое време, да праша на писмено кои лични податоци за него се евидентираат. Во случај, и покрај сите вложени напори, да се евидентирани погрешни податоци, Adam Opel ќе ги коригираат на барање на корисникот. Корисникот може да побара да ги блокираме и/или избришеме податоците до онаа мера до којашто тие не се потребни за одржување на постојните договорни односи. Сите такви барања може да се упатат до Европскиот центар за грижа за корисници (ECAC).